ПРЕДИЗВИК ЗА ТРАЈКОСКИ И СОКОЛЕСКИ

Ракомет – Почна Европското

Машката ракометна репрезентација на Македонија учествува на Европското првенство во Унгарија и Словачка, кое започна вчера. Меѓу репрезентативците е и еден прилепчанец, голманот Благојче Трајкоски (Еурофарм Пелистер 2). Во Стручниот штаб е вториот прилепчанец, тренерот на голманите Ице Соколески (Еурофарм Пелистер). Македонија е пред голем предизвик, тешката А-група, во која се мечевите со Словенија (синоќа), Црна Гора (сабота) и Данска (понеделник).

Македонија се бори за едно од првите две места кои водат до втората фаза.

Loading