КАВАДАРЧАНИ ВО ПРИЛЕП

Ракомет мажи

Измени и во машкиот суперлигаш Прилеп. На петот ден на подготовките го нема пивотот Александар Тренчевски, заминат во Финска со ветување дека ќе се врати за плеј-аутот. Има и новодојдени. Се работи за централниот бек Марио Гичев (23) и пивотот Марко Трајковски (20). Не е исклучено да дојде и трет нов, на бековска позиција. Новите ќе помогаат во борбата за опстанок. По 3 февруари претстојат 6 кола од основниот дел и уште 10 од плеј-аутот. За опстанок е потребно да се освои првото или второто место, третото оди во бараж, а долните три позиции значат отпаѓање.

Тренерот Горан Кузманоски – Таста најави одигрување на неколку пријателски мечеви, меѓу кои и два со Дубочица во Лесковац.

Loading