ДЕСПИНА СТАРТУВА НА 12 ФЕВРУАРИ

Ракомет

Плеј-офот од женската Супер лига почнува на 12 февруари. Според распоредот екипата на Деспина во 1. коло гостува на Стружанка, потоа дома со Металург, со Вардар во Скопје, дома со Чаир, со Ѓорче Петров во Скопје, дома со Пелистер, во Куманово, потоа со истите ривали уште по еднаш. По 14 кола ќе се добие конечната табела. Пред почетокот на плеј-офот, Куманово и Вардар имаат по 4 бода, Чаир и Металург по 3, Деспина и Ѓ. Петров по 2, Пелистер и Стружанка по 1. За младата екипа на Деспина успех е ако го повтори минатогодишното 5. место.

Напролет ќе се одиграат и натпревари од Купот.

Loading