ЧЕТВОРИЦА ПРИЛЕПЧАНИ И ЕДЕН СТРУМИЧАНЕЦ ВО ПОБЕДА

Фудбал

Промени во есенскиот второлигашки првак Победа. Во родниот Прилеп се вратија голманот Дарко Тофилоски, за врска Јорданчо Наумоски (двајцата од Тиквеш), полушпицот Марио Наумоски (Брегалница Ш), напаѓачот Филип Димоски (Саса). Нов е и струмичанецот, напаѓачот Благој Истатов (Воска). За 36-годишниот Тофилоски имаше настапи за А-репрезентацијата на Македонија и дел од некогашниот шампионски тим на Победа. Тој е со искуство од Швајцарија, Словачка, Ерменија и Косово. Во кариерата на Јорданчо Наумоски (26) се 11 Октомври, Металург, Победа и Тиквеш, брат му Марио (21) има играно за Победа, Кожуф, Металург и Брегалница, а Димоски (22) за 11 Октомври, Победа, Осогово, Вардар Н., Питу Гули и Саса. Истатов (22) потекнува од Тиверија, играше за Академија Пандев, Хоризонт, Кожуф, Беласица, Детонит, Осогово и Воска.

Тренерот Димитар Капинковски од есенскиот играчки кадар ќе ги нема бранителите Андреј Петкоски и Дарко Дигаловски, за врска Кирил Неделков и напаѓачот Петар Најдов.

Подготовките низ 6 пријателски мечеви се во Прилеп и Дојран.

Loading