АНГЕЛЕСКИ СЕ ДРЖИ НА ВРВОТ

Стрелаштво

Мартин Ангелески од клубот Херој Прилеп е во одлична форма. Во 4. коло од Купот, одржан во стрелиштето од ЦК ,,Марко Цепенков,, со воздушна пушка го освои 1. место кај јуниорите. Кај јуниорките, членката на истиот клуб Ирина Јованоска го освои 3. место.

Засега Ангелески е кандидат за настап на Светско првенство.

Loading