ПРИЛЕПЧАНИ СЕ ВРАЌААТ ВО ПОБЕДА

Фудбал

Екипата на Победа, есенски првак во Втората лига – Исток, од завчера е на одмор, според оценката на новиот тренер Димитар Капинковски. Натаму сите погледи се свртени кон пролетната етапа и зимскиот преоден рок. Во тек се преговори, раговори за засилувања со потенцијални нови првотимци. Се меркаат прилепчани кои есеноска настапуваа во прволигашките и второлигашките екипи. Неопходено е подигнувањето на квалитетот за напролет да се задржи првото место. Оти токму сега е најдобрата шанса за влез во Првата лига. Важно е да се задржи квалитетот од досегашниот играчки кадар. Дека досегашните играчи се на “цена”, доказ е изборот на Бојан Спиркоски во идеалниот тим од есенската полусезона во двете втори лиги.

Клубот информира дека во наредните шест месеци финансирањето ќе биде со ваучер од АМС, со она што не е потрошено и останало од финансиите добиени од рекламните паноа на Градскиот стадион. Се очекува помош и од Општината. Клубот совреме обезбедил бесплатен превоз до крајот на првенството.

Наредниот собир во Победа е на 10 јануари.

Loading