Мост на реката Дабничка кај рекламите. Педесеттите години од минатиот век. Народ еден куп. Се збрал да помогне, да го исправи на тркала превртениот автобус. Некои се само сеирџии, а некои видно вознемирени.
Дрвената конструкција на мостот не изгледа баш стабилна за да помине автобус. Шоферот ја пробал среќата и пропаднал од едната страна на мостот. Останале живи патниците. “Живо” и недопрено останало дрвото.
Отстрана, стари дуќани, но и куќи со нова архитектура.
Чуден настан. Штета што е несреќа.