„БЛАЖЕ КОНЕСКИ – ПРИСУТЕН И ВО МАКЕДОНСКАТА ДРАМАТУРГИЈА“ ОД ЗОРАН ПЕЈКОВСКИ

Јаве за книгата

“Блаже Конески присутен и во македонската драматургија” од драмскиот автор Зоран Пејковски, редовен академик на Руската федерација, драматург, публицист, писател, беше промовирана во ЦК “Марко Цепенков”. Книгата зборува за творештвото на Конески од агол кој не е често користен.

-Изданието е значајно поради истражувањата и резултатите. Истражувачот храбро се фатил во костец со досега недоволно посветена  проблематика, која не спаѓаатво профилот наодреден автор. Затоа книгата на Пејковски за едночинката “Гладна кокошка просо сонуе” е провокативна, поради тоа што е за дел од творештвото на Конески, за кое не се зборува многу –   посочи на промоцијата  д-р Мишел Павловски.

Пејковски е автор на богат драмски опус, поетски книги, роман и публицистички, научно истражувачки книжевни дела. Добитник е на повеќе домашни и странски награди.

Loading