ЃОРЃИ ДЕСПОДОВ ИЗЛОЖУВА ВО СКОПЈЕ

Младиот прилепски мултидисциплинарен дизајнер Ѓорѓи Десподов се претстави во Скопје со истражувачкиот проект СКИП АД, преку кој тој ја преосмислува улогата на графичкиот дизајн во насока на алатка за критичко читање. Истражувањето тргнало од премисата дека графичкиот дизајн е корисен во масовната продукција за обликување на светот според нашите потреби.

Десподов создава игрив уметнички метод наречен Сесија за себепронаоѓање. Тоа е дел поширокиот проект СКИП АД. Преку овој метод, критички свртен кон масовниот конзумеризам, Десподов ја отвора можноста за сојузништво меѓу графичкиот дизајнер и корисниците. Графичкиот дизајн користи механизми насочени кон потребите на корисниците за спознавање на индивидуалните и суштинските потреби. Тоа е и чин на отпор и можност за создавање на нов визуелен свет.

Десподов е творец на визуелни уметности и создава концепти преку широк спектар на дисциплини како што се графички дизајн, 3Д-визуелизации и илустрации. Дипломирал во Софија и е самостоен графички дизајнер и 3Д илустратор.

Loading