ШАМПИОНСКИ ПЕХАР ЗА ПРИЛЕПСКИТЕ „ЏИВЏАНИ“

Шах

Шаховскиот клуб Прилеп постигна успех на Државното екипно првенство за пионери во Скопје. Во категоријата до 8 години, освоено е 1. место, со златни медали и пехар. Екипата од девојче и 4 машки (Велева, Иринеј и Доријан Трајкоски, Петрушев, Манасиев) постигна 4 победи и 1 реми. Успехот на ,,џивџаните,,, како што ги викаат во клубот, е резултат на школата од ШК Прилеп.

На првенството одличен пласман – 3. место, освои екипата до 14 години.

Loading