МЕТАЛУРГ Е ШАНСА ЗА ПРИЛЕП

Ракомет

Екипата на ракометниот суперлигаш Прилеп има серија од 3 пораза (на гости од Охрид 21:33, дома од Еурофарм Пелистер 24:41 и од Бутел 23:26) која може да се сопре денеска. Во 13. коло е гостувањето во Скопје на поранешниот шампион Металург. Името на домаќинот е големо, но квалитетот не е многу различен од прилепскиот состав. Тоа се заклучува од табелата. Металург собра 15 бода, а Прилеп 12, но првиот есенски дуел го доби прилепскиот тим со 28:24.

Женската екипа на Деспина во 11. коло од Супер лигата А-група, викендов е домаќин на шампионот Куманово.

Loading