АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Тврди дека е добар шахист, а не гледа мат во потег.

x

Само стабилен може да биде и агилен.

x

Ниту во злодоба не заборавајте кои сте!

x

Прочитаните треба да започнат и да читаат.

x

Бело знаме вејте на полињата плашејте ги птиците, а не во име на народот.

x

Не се препорачува летање во височините особено ако сте над амбис.

x

Отстранете ги меѓите во душата.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading