РУБИН АБРАШОСКИ Е В.Д. ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛЕЦ

Рубин Абрашоски е новиот в.д  директор на ЈКП Комуналец. Градоначалникот  Борче Јовчески, изборот го направи од постојните вработени, каде Абрашоски,  минативе 16 години е  докажан професионалец во работењето во струката. По вокација, Абрашоски е земјоделски инжењер, и досега  ги извршува работните задачи како раководител на Одделот за  хортикултура.

Работното искуство во оперативниот дел, познавањето на сите сектори во претпријатието, како и познавањето на вработените,  се гаранција да му се довери највисоката функција во јавното претпријатие, кое е од суштинско значење за функционирањето на градот во делот на правилното третирање и управување со отпадот, јавната чистота, одржувањето на парковите и зленилото, управувањето и одржувањето на градските гробишта и ДООЕЛ Терминал.

Абрашоски доаѓа на местото на досегашниот директор Сашо Велески, кој поднесе оставка.

Loading