ЈОВЧЕСКИ СЕ СРЕТНА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР

Градоначалникот Борче Јовчески оствари средба со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин. Разговараа за унапредување на соработката меѓу Општина Прилеп и Руската Федерација како значаен партнер на нашата држава.

– Го запознав со програмата која во мојот четиригодишен мандат ќе биде реализирана. Добивме предлог од амбасадорот наскоро да се збратимиме со еден град од московскиот регион – изјави градоначалникот Јовчески.

Баздникин изјави дека односите на двете земји се на високо ниво и дека постојат отворени можности за соработка во областа на културата, туризмот и економијата.

Loading