ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (120) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

На првиот ден на Божик не се јади свинско месо, ниту пифтија, заштита од зараза од вошки. Исто така, на првиот ден на Божик, машка пол на човек не смее да оди по куќи за да не се објагнуваат овците и козите машки јагниња и јариња. А додека женска пол, поготово е среќна работа да посети комшивска куќа. Исто така, од вечерта не се гаси и оган во печката, не смее да се гаси, ќе и носело темнина во фамилијата преку целата година.

После црквата и појадокот одма сите заинтересирани за средби и веселби одат на средселото. Музичарите гајдачите се први таму, ќе ја надујат гајдата. Гајдаџии ги имаше повеќе како Велјаноски Благоја Бабјаците Ванѓел, Ванчо, Димитрија, Павлески Јованче, понекогаш се приклучува Танески Димко и екс музичарот Јоноски Димитрија.

Поред свирачите имаше и добри играорки ороводци како Петре, Димитрија, Ванчо Митре Бабјакоски, Мурџески Јованче, Танески Јован, Василоски Алексоски Јанковци Китан, Цане, Јолески Благоја, Стеваноски Живко, Колески Ванчо, Павлески Игне и др.

Имаше доста жени ораџици. Од постарата генерација Николоска Петрејца Митра, Танеска Неданица Неда, Танеска Ордабица Трајана, Танеска Ристејца Велика, Тодороска Лазарица Пауна, Дамјаноска Ристејца Митра, Стеваноска Илица Дуна, Митреска Јованчејца Коприна, Павлески Јончејца Анѓа и Игнејца Грозда и др.

Имаше уште помлади жени ораџици како Атанасоска Благојојца Лефтерија, Атанасоска Танејца Анѓа, Атанасоска Алексојца Спасија, Атанасоска Дончојца калиан, сите овие жени се Танески, Здравеска Атанасица Илинка Чонеска, Јованоска Душаница Правда, Јованоска Ванѓелица Босилка, Петреска Димитрица Драгица и Томејца Бабјакоски. Павлеска Миркојца Нада, Стеваноска Живкојца Неда, Тошеска Благојојца Илинка Јолеска, Стојаноска Тодејца Босилка Котеска.

Исто така имаше девојки добри ораџици. Атанасоски Илинка и Пауна, Василоска Тодорка, Котеска Калина, Атанасоска Грозда и Спасија. Стеваноска Цвета Илијоска Спасија, Новаческа Павлинка, Мурџеска Драгица, Бошески Лоринка и Милица и др.

Во постарите времиња ситните ора убаво ги играле Дамјаноска Дамјаница Ристана, Атанасоска Мицејца Митра, Василоска Јованица Менка, Котески Божиница Јана и јатрвата и Петрејца Невена. Бошеска Колејца Мара, Павлеска Трајаница Цвета, Мурџеска Цветаница Трајана штавичката тројка Петреска Велјаница Јованка бабјачица, Јованоска Илица Крушкојца, Митреска Ристејца Мачорица. На овие два божикни празници поред орате имаше и натпревари од страна на мажите борење, фрлање камен, надрипување во далечина, играње прескакулица, зу итн. Со тие игри завршуваа двата божикни денови.

На третиот ден на Божик е највесело, се групираат домаќини во елитно друштво, одседнуваат во некоја куќа и гостинуваат со пржено месо и колбаси, доаѓаат на средселото со бокали и грниња вино расположени и жедни за песни и ора. В раце со бокалите или грнињата вино се полева, а често пати на средселото се видуваат и ваганки со пифтии од некаде ќе се слушни гласот на некој свирија џангурица.

Доаѓаат гости од цела тајфа од мажена девојка , свекор, свекрва, момчето, золва и самата со нив мажената девојка. Ако  има нова невеста во селото на Божик на средселото ќе треба да заигра, завади оро, напреџија свекорот ќе му плаќа на свирачот. Голема веселба се правеше со сите ора поготово куцаното или пак пајдушкото беранче. За младите невести се свиреше невестинското наречено марица.

Школската настава по Нова година се одвиваше нормално до полугодишниот распуст од 15 јануари до 1 февруари, истата година распустот важеше и за женските курсисти. Првите денови среда и петок се мрсат после тоа почнува по старо среда и петок се посни денови.

Вечерта пред денот Васислица Суро се полни оган на средселото  и се вика суро, суро, суро. Денот суро е почеток на православната нова година, додека Василица или Василие епископ кој живеел меѓу третиот и четвртиот век кој ја преведил богослужената молитва во гласно пеење во црквата. Утрото на Василица се собираат селските мештани за шетање по куќи каде ќе бидат подарувани со парче колбавче. Има луѓе кои носат помали деца наоружани со ражени за да ги нанижуваат добиените колбавчња. Штоттуку се влези во домаќинската куќа се вади жар од печката и децата со ражените го тепаат жаро и викаат цив пиле, цив пиле за ведење пролетни пилина, но одма продолжуваат да викаат суро, суро суро, а за по две колбавчиња ќе треба да викаа уште еднаш гласот му е како пропеани мали пилиња. Сето викање ќе биди со по едно колбавче.

Музиката од гајдата ги прати цело време василичарите. Децата си пеат Коледице, Василице дај ми буле за во торбе и колбавче да нанижам. Вечерта пред Василица Сура доваѓаат новите зетови поред нив стари зетови на гости кај родителите и роднините на неговата невеста кај бабата и дедото на гости и тука преноќеваат до наредниот ден, после ручекот си заминуваат за дома.

Василичарите каде шетаат прават средби и познанство со гостите односно зетовите и од домаќинот бидуваат почестени со по некое чаше топла ракија, малите деца во придружба од својте колбавчињата ги нижат, денат на раженчињата, тоа за нив е голема радост. Некое колбавче ќе го опржат во некоја печка, сепак гордоста е преголема збира колбавчиња за на ражен. Откако ќе се заврши со шетањето василичарите си одат дома за на ручек. Дома има домаќинката припремано богат ручек. Мазник од печени кори правени пред божикните денови, пржена сланина со колбаси, со јадењето возрасните пијат вино, жените винска шира. Малите деца со посебно задволство имаат да му се испржат колбаси од тие што ги собирале преку денот. Во секоја средба со нови луѓе се изговараше, Христос се роди. Одговор, Вистина се роди. Така весело завршуваше денот Василица или Сура во нашето село.

На 18 јануари или 5 јануари е денот Водокрст пост ден по наше викана Нејатка. Сите домашните земаат жарче од печката и по три пати ги поминуваат прстите од рацете и нозете, ги џишнуваат прстите и велат, изгори кучке нејатка меѓу два брата јаглење. Тој адет се прави за да не се задеруваат заперци поред ноките. Во календарот стој Неона. На овој ден не се мрси, свештеникот шета по куќи, крштава вода. Крштевањето вода се наплаќа со парче сланина. Овој празник во црквеното календарче е запишан Теона. Свештеникот шета со придружникот со притрупот односно со клисарот на црквата. Со самото крштавање на водата свештеникот остава крстена вода во секое домаќинство на наредниот ден Богојавление или Водици.

Продолжува

Loading