БАЛЕТАНОТ ВЕСЕЛИН ТРАЈКОВСКИ ДЕЛ ОД ПРЕТСТАВАТА “СТАНИЦА”

Младиот и талентиран балетан Веселин Трајковски нижи успеси. Велат балетот е сонување на стапалата, танц со срцето и тест за истрајноста, а Веселин Трајковски најдобро го знае тоа.

Тој учестувува во неколку големи проекти кои се дел и од Националната опера и балет, но дел и на приватни проекти. Беше дел од  претставата “Жизел” каде што учествува во ансамблот. Следното појавување беше во новата современа претстава “Станица” под раководство на кореографор Игор Киров. Моментно учествува во подготовка на претставата “Петар Пан”.

Вели дека е многу горд што на  млади години има можност да го покажува својот талент.

– Никогаш нема да знаеш колку си силен, додека тоа не е единствената опција – вели Веселин Трајковски, кој се дообразува.

Loading