АНТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ СЛЕМЕР(К)И

Театарската работилница Прилеп, водена од актерот Игор Трпчески, од печат ја издаде првата и единствена досега книга Антологија на македонската слем-поезија. Поместени се најдобрите слем-песни од најактуелните и активните слем-поети и слем-поетеси, како и слемер(к)ите со најголеми достигнувања за македонскиот слем во земјата и во странство. Застапени се десет автор(к)и.

Антологијата е двојазична, на македонски и на англиски јазик. Препевите на англиски се на Сандра Авросиевска, Лидија Митоска – Ѓорѓиевска, Сарџоски и Пренџова. Уредничка е Елена Пренџова.

Loading