ЉУБОМОРНИОТ МАЖ И РЕАЛНАТА ЖЕНА

Си бил една брачна двојка, маж и жена. Арно ама, мажо бил многу љубоморен на жената. Често í префрлал:

– Ти одиш со овој, со оној – вербата ја имал тотално изгубено во жената.

Жената му се правдала дека тој така мисли, а таа не оддела со никого. Во еден таков разговор, во недоверба, жената го предупредила сопруго дека дотогаш немала одено, но …:

– Ти, мажу, ќе ме однесиш да се издупам да ти докажам дека не сум како ти што мислиш! Ако јас сакам ти нема да ме фатиш.

Една вечер, жената донесла еден маж, кој го симпатизирала. Го закопала во буништето да сврши работа пред мажо.

Пред легнување, жената му рекла на мажо:

-Времето е многу темно. Ај да одиме понадвор за мала нужда пред легнување!

Мажо се согласил. И отишле понадвор на буништето. Жената ја засучила кошулата и го наседнала на тој што лежел во буниште и го прашува мажо:

– Која е ова ѕвезда? Која е она ѕвезда? – и си ѕенѕа. Си свршила работа пред очите на мажо и си ја затресила кошулата. Станала и му рекла на мажо:

– Ај да си одиме дома, оти ако поклечам, пак, ќе ми се приѕенѕа!

Дома жената го прашала мажо, дали нешто присетил на буниште.

Тој одговорил дека ништо не сетил.

Жената му рекла:

– На буништето се онадив пред тебе. Ако сакам секогаш тоа ќе го правам, само немам таков интерес. Ти, ако сакаш да се увериш, да појдиме да го видиш местото каде тој лежеше!

Провериле на гнојо, место, легало од човек и топло од вриењето, уште пареја излегувало. Мажо се засрамил. Ја наведнал главата и никогаш повеќе не í проговорил, ти си таква, ваква, онаква, како што не било. Од тој ден почнале нормално да о живеат, без навреди.

Loading