ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ТРЕТА ДОЗА ПРОТИВ КОРОНА

Расте интересот за трета доза вакцина против Ковид 19. За половина месец примена е трета доза колку за цел октомври. Граѓаните покажуваат најмногу интерес да се имунизираат со трета доза и за вакцинацијата против сезонскиот грип.

– За прва доза се доаѓа оти институциите бараат сертификат – оценуваат од вакциналниот пункт при здравствениот дом.

Според Зорица Шојлеска, координатор на вакциналниот пункт, останува интересот да биде поголем за трета доза вакцина, отколку за првата.

– За прва доза сега доаѓаат тие кои се во размислување, скептиците. Главно, велат дека поради мерките, мора да се вакцинираат, а некои досега не се вакцинирале поради страв. Има граѓани кои примиле прва доза во август и дури сега се пријавуваат за втора и тоа, главно, поради мерките, зашто во институции се влегува со сертификат за вакцинација – објаснува Шојлеска.

Опфатот на вацинирани во Прилеп е 47 проценти, постари од 18 години. Надлежните велат дека единствено за вакцинација може да поттикне барањето на сертификат во одредени институции и за влез во објекти.

Инаку, од досега испорачаните 1 600 вакцини против сезонскиот грип, за четири дена веќе се потрошени половината во Центарот за јавно здравје.

Loading