Игор Гулабоски е новиот вршител на должност директор на ЈКП „Водовод и канализација” во Прилеп. Инженер технолог, со над 18 годишно работно искуство во приватна фирма како технолог менаџер. Гулабоски од 16 ноември е назначен на оваа функција, од страна на градоначалникот Борче Јовчески. Гулабоски доаѓа на местото на досегашниот директор Емил Јанески, кој пред две недели си поднесе оставка од функцијата.

![]()

