ШАНСА ЗА МЛАДОСТ

Пинг-понг

Вицешампионот Младост тргна скромно во новото суперлигашко првенство  – со 1 победа (над Вардар) и 2 пораза (од фаворитите Крива Паланка и Младост 96), така што сега е можноста за две победи. Во Скопје, на натпреварите од 4. и 5. коло за противници ги има скопски Рисови (со 1 победа) и штипски Шампиони ФА (ниедна победа). Шампионот Младост 96 кој тешко губи партија, а камоли цел меч, оди на максимални победи против Радовиш и скопски Телеком. На табелата водат Младост 96 и Крива Паланка со по 6 бода.

Женскиот тим на Младост 96, по стартната прволигашка победа над скопски Рисови, викендов има два меча – со Берово и штипски Шампиони ФА.

Loading