ДЕСПИНА СО ФАВОРИТОТ ЧАИР

Ракомет

Мошне силниот тим на Чаир в недела е гостин на прилепска Деспина во  салата ,,Ричко,,. Скопскиот состав есенва има 7 победи и 1 пораз – од шампионот Куманово, додека Деспина има 5 победи и 3 пораза. Во меѓусебниот дуел во Скопје победи Чаир со 28:18, па сега на потег е Деспина. Прилепската екипа се врати на победите, со двете победи, над битолски Пелистер (26:17) и со скопски Кузман Вардар (35:22).

На табелата од Супер лигата А-група Куманово води со 24 бода, пред Чаир со 21, Деспина со 15.

Машката екипа на Прилеп имаше суперлигашки меч во средата, Охрид – Прилеп ( : ), викендов има дуел во Купот – со Астраион во Струмица, а следниот првенствен е на 21 ноември дома со Еурофарм Пелистер.

Loading