ПРЕЧКИТЕ ЈА СПРЕЧИЈА ПОБЕДА ДА БИДЕ ПРВА

Фудбал

Екипата на Победа со голот на Бојан Спиркоски изваде само 1:1 во Делчево со Кит-Го. За да не биде триумф причина е неискористениот пенал, како и трите погодени пречки. Токму пречкит ја симнаа од првото место на табелата, каде е Слога. Виничкиот тим успеа со 1:0 да победи на Могила со Братство. Спорен момент, бидејќи одлучуваа сантиметри дали топката ја минала гол-линијата. Претстои пауза до 20 ноември, кога се дуелите Победа – Кожуф, Беласица – Братство.

Табела: Слога 25, Победа 23, Саса 20, Беласица 17, Кит-Го 16, Кожуф 12, Осогово 11, Детонит 10, Локомотива и Братство по 4.

Успех на Деспина

Кога малку кој се надеваше, со оглед на трите пораза во серија – од Скопје 6:2, Саса 4:1, Тиверија 3:1, женската екипа Деспина одигра одлично во Велес и избори 1:1 со Борец. Домашниот тим не успеа да победи, иако има засилувања – три од Србија и една од Нигерија. Деспина израмни преку Теодора Петровска, а имаше и повеќе неискористени шанси за триумф. Наредниот меч е в недела, дома, со Љуботен.

Loading