Кошарка
Кошарката одамна не била во фокусот на спортските љубители. Така е долги десетина години, кога клубот Ултимејт баскет се натпреваруваше во најсилната Прва лига. Викендов е можност да се соберат гледачи во салата од ОУ ,,Добре Јованоски,, за дербито од Третата лига Б-група меѓу прилепски Мега баскет и Куманово. Двата тима се борат за првото место, а покрај Работнички имаат максимални 4 бода. Куманово ја покажа силата против скопски Албес (91:55) и со Дибра иглс (94:67), а Мега баскет со кавадаречки Пробаскет (88:70) и против Тетова булс (86:71). Амбиициите на прилепскиот тим за овој меч произлегуваат од долгорочната цел – што побргу да се поминат два ранга за пробив до Првата лига.
– Куманово има млада екипа. Дел се со двојна регистрација – играат и за прволигашки. Тие се конкуренти во борбата за највисок пласман. Очекувам поддршка од трибината – вели Стефан Стевананџија, капитен на Мега баскет.
Тренерот Сашо Костоски во списокот играчи како највозрасен со 28 години го има Дејан Трајкоски, по него со над 20 години се уште само Виктор Стојчески, Стефан Стевананџија, Давид Петрески, Давор Трајкоски и Давид Настески. Другите се тинејџери, како Иван Крстески, Марко Абрашевски, Кристијан Домлевски, Кирил Јовчески, Милан Абрашевски, Иво Крстески. Има уште неколку кадети.
Табела: Работнички, Куманово и Мега баскет по 2 победи, Тетова булс, Иба баскет Скопје, Дибра иглс, Албес и Пробаскет по 1 победа, Риниа баскет Куманово без победа.
Секој почеток е тежок
Четири меча – четири пораза. Тоа е есенскиот биланс на Мега баскет во Првата лига Б-група. Последниот е со 13:123 од делчевски Патриот. Не е изненадување ако се знае дека прилепскиот клуб е новоформиран, а и некомплетен без неколку повредени и болни.
Следи пауза до 21 ноември кога е гостување на Шкупи.
![]()

