Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески излезе на терен во централното градско подрачје. Заедно со вработените од Секторот за урбанизам ја посетија локацијата зак реализаци9ја на проектот „Архитектонско и партерно уредување на пешачката патека, улица „Борка Талески”.

Со реконструктивно – градежни активности би била опфатени 2700 м2 на потегот од споменикот на Пеце Атанасоки до основното училиште „Кочо Рацин”. Предвидено е да се постават нови плочки, урбана опрема и осветлување на јавниот простор.
Реконструкцијата на улицата „Борка Талески” во центарот на Прилеп беше едно од предизборните ветувања на градоначалникот Јовчески.
Јовчески изврши увид на улицата “Радовишка” каде е поставена нова канализациона мрежа и улица е тампонирана по зафатот. Улицата во населбата “Гоце Делчев”.е долга 180 метри и широка 5,5 метри.
