ОТПОВИКУВАЧКИ ИЗБОРИ

Имам доволно години да разберам дека животот во лаги и илузии не води никаде. Постојат два вида на предвремени избори. Кога владата сама распишува предвремени избори и кога граѓаните испраќаат пораки преку локални избори. Целта е иста. Да се обезбеди нов политички мандат. Во вториот случај се работи за отповикувачки избори. Отповикувачки избори има во САД и Велика Британија од 2015 година.

Тоа што се случи кај нас на 31 октомври беше практично отповикување на власта. Секој обид на Заев да остане на власт ќе биде уште едно негирање на суверената волја на македонскиот народ. Беда се тие што зборуваат за беден дух на Македонецот. На локалните избори се покажа дека македонскиот народ има свое јас. Значи има НЕ.

Норвешкиот крал Отон не му даде мандат на Ваткун Квислинг да формира окупациска влада. Но, тој ја формира. Набрзо по ослободувањето следуваше пресуда и стрелање. Кај нас референдумот беше неуспешен, но беше потпишан некаков преспански нелегитимен договор. Доживеавме понижување, уривање на достоинството, распродажба на сé што е наше и свето. Идентитетски холокауст врз Македонците. И ЕУ е идентитетска празнина. Со нивна дозвола овие аздисуваат. Не ја разбирам потребата од овие политичари да им се лигават на западните лицемери. Атак е на нацијата да се уништи македонизмот. А тоа е борба на македонскиот народ за своја држава. Ја ослободија Македонија од македонскиот народ (не постои македонски народ). Со Преспанскиот и Бугарскиот договор Македонија се откажа на дел од својот суверенитет. Двете држави можат да се мешаат во секое време кај нас.

Денес кај нас постои дневен македонски ритуал – подарок дел од историјата, бидејќи такви им се обврските за промени на историјата. Има историја – има народ, нема историја – нема народ.

Не може за добивање на власт да се менува историјата, да се подарува македонската антика, името, јазикот. Да го вратиме изгубениот суверенитет и да не дозволиме туѓо мешање. ЕУ има законска обврска да го штити и унапредува идентетот на своите членки и кандидати, а не да условува со негово уништување (направете го тоа на балкански начин-беше наредбата на еврокомесарот Јоханес Хан). Нека го направи тоа во својата земја, па ќе заврши со лисици на рацете и ќе стане политички мртовец.

ПРИМ.ДР. Б. ДАМЕСКИ

Loading