“ДА, ИНСПЕКТОРЕ, ПРЕТСТАВА СО ГРЕШКИ” – НОВА ХИТ КОМЕДИЈА

Претставата “Да испекторе, ….” по мотиви на текст од Хенри Џонатан Хенри, во режија на Синиша Ефтимов е новата хит комедија на ансамблот на театарот. Ова го покажаа двете изведби на претставата, во која е пренесено дејствие, во кое кога ќе почнат грешките да се случуваат тогаш доаѓа до лавина од реакции, постапки на актерите, кои иако се обидуваат да ги прикријат без публиката да забележи, сепак сé се случува обратно. Ова е одлична претстава во која актерите суптилно преку изградените ликови, (ќе го потенцираме особено ликот на Пеце што го игра Катерина Ч. Клинческа) најдоследно го следат дејствието и го водат до разрешување на мистериозното убиство.

Кој е убиецот? Откријте во претставата која можете да ја гледате и вечерва и утревечер од 19.30 часот во театарот.

Освен одличната режија, добро се вклопуваат сценографијата и костимите на Илина Ангеловска, како и одличната игра на актерите Илија Волчески, Димитар Црцороски, посочената Катерина Ч. Клинческа, Александар Тодески, Марија С. Илијеска, Михајло Миленкоски, Наташа Ачански, Игор Трпчески, Ангела Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски.

Loading