ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (115) – 3 ДЕЛ

Легендарниот ајдутин – комита македонски Атанасов Младен од с. Прилепец, марулски потомок Неговиот пра прадедо му е Гулаб роден во Марул некаде околу 1760/70 година, женет за Џингоска Петра денес познати како Јаковчевци во с. Чумово. Петра има две машки деца Божин и Младен. Божин останува во Марул за догледување на родителите Гулаб и Петра.

Ние сме негово потомство, мислам на Велјановци Новачевци и Стевановци во с. Марул. Младен помладиот син на Гулаб и Петра оди домазет кај Џамовци во с. Прилепец, име на девојката непознато. Младен и неговата жена имаат три деца машки Димитрија, Саботко и Трајкко. Од Димитрија нема потомство, поколенија. Од Саботко се денешните Саботковци во с. Прилеп. Трајко го имал синот Атанас. Атанас и неговата жена Атанасица имале две машки деца Младен и Тодор. Младен крстен на прадеда си Младен. Родителите на Младен и Тодор умреле уште децава биле мали.

За догледување ги зеал Гулабоска Струма втора братучеда на Атанас Младеноски мажена за Ѓорѓија Џаге стари деленици со Илијовци, Тасевци, Балтовци во Подмол. Тодор се оженил од с. Бонче, името на жената му не е познато. Порастиле ќерките на Струма и Ѓорѓија за постарата ќерка Доста зеле домазет Стојкоски Најдо викан Буцко од с. Бонче, помалата ќерка Трненка се омажила за Божин Шенгоски во с. Лопатица, прилепско.

Поради немало услови за две фамилии да живеат во заедница Тодор се иселил фамилијарно во с. Бонче, род по жената му денес познати во Бонче под Дојчиновци. Братот Младен задоен со други идеи уште во младите години замина комита и тоа во ајдучката чета на Дедо Ило Малешевски.

Заедно со неговата чета е учесник на страна на Русија против Турската војска за ослободу- вање на Романија во 1876 година. Учесник е Младен заедно со неговата чета на страна на Русија против Турција за ослободување на Бугарија во 1877 година. Повеќе пати Младен со неговата чета бил учесник на српската страна против турската војска. Со надеж ако му поможи на комшијата ќе врати со благослов помошта.

Младен Младеноски или Гулабоски водел повеќе судири со непријателите македонски низ Македонија. Фамилија не оснивал. Во 1879/80 година Младен под читириест годишна возраст во борба против аскерот кај Кавала, Беломорска Македонија, Младеноски Младен загина. За неговата решителност и храброст до сега се нема напишано ниту еден збор или да се спомни него-вото име во македонската историја.

А додека во сите македонски историски записи се повторува како Црногорецо Јованович се борел во Маке-донија за време на Илинденското востание во 1903 година. Младеноски Младен прилепчанец потомок од родот Гулабоски од с. Марул. Тој денес се спомнува приватно како легенда како во Марул, така и во неговото родно село Прилепец и во околните села каде што има потомство од него-виот род.

продолжува

Loading