АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Пристојни предлози не може да се очекуваат од непристојни лица.

х

Станува нормално редовно да се сретнуваме со апсурди.

х

Оние што гледаат од свој агол ги праќаат в ќош.

х

И зад  блескавите прозорци може да се кријат мрачни содржини.

х

Историјата е инспирација за иднината.

х

Животот е илузија во која најдобро се снаоѓаат – жонглерите.

х

Кој вели дека никогаш не лаже и тогаш лаже!

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading