ЈОВАНКА ВО ПРИЛЕП

Кога не шетал по белосветските метрополи или некои запустени афркански земји, ширејќи ја идејата за неврзаноста, “најголемиот син на народите на Југославија”, Тито, ги посетувал сите домашните градови и паланки.

Маршалот Тито, доживотниот претседател на СФРЈ, каде и да присуствувал, доаѓал со свита, пречекан од високите членови од СКЈ. Домаќините се подготвувале за пречекот со недели. Во тоа спаѓало чистење на улиците до беспрекорност, апсење на непожелните елементи (пијаници, бездомници или тие што макар и малку биле против тогашната политика). Притворот траел додека заминел маршалот, а потоа сé се враќало по старо. Се забранувало сушење алишта на балконите. Имало и правила на однесување при врвењето на “ергелата” црни луксузни кабриолети. Додека минувале возилата, граѓаните не смееле да фрлаат цвеќиња по автомобилите, туку 2-3 метри пред нив.

На фотографијава се гледа посетата на Јосип Броз со сопругата Јованка на Прилеп, поточно на Могилата на непобедените во 1967 година.

Одејќи секогаш напред, како сенка го следеле локалните власти, туркајќи се кој да биде поблиску до Тито. Прв до него пред околу половина век, бил претседателот на општинското собрание, а до него претседателот на Комитетот Мате Волнароски. Функционерите се труделе да остават подобар впечаток кај Маршалот, оти ретко доаѓал. Во ноќната посета, домаќините ја покажуваат Могилата на непобедените, а тој дотеран во беспрекорен црн костум ќе кажел по некој збор, што следбениците го паметеле до крајот на животот.

Loading