АНГЕЛЕСКИ Е ВО ТРКА СО РЕКОРДИТЕ

Стрелаштво

Стрелецот на Херој Прилеп, Мартин Ангелески, постави нов државен сениорски рекорд со воздушна пушка. На турнирот ,,Опен Македонија,, во Прилеп, тој погоди 618 круга, многу повеќе отколку претходно 608,8 во Белград. И со тој резултат не беше прв, ами втор, зад Анастасија Мојсовска (Стрелец, Скопје) со 618,1, што е нов државен рекорд кај сениорките. Трета е Ирина Јовановска со 612,8. Државен сениорски рекорд има и со пиштол, а сопственик е Борјан Бранковски (Стрелец, Скопје) со 574 круга, за 1 повеќе отколку на Олимпијадата во Токио. На 2. и 3. место со по 536 круга се пласирани Вероника Велковска (Стрелец, Скопје) и Маја Чешелкоска (Х. Прилеп).

Loading