ЗАМИНА ЕДНА ОД ЅВЕЗДИТЕ НА ШЕЕСЕТТИТЕ

Ин мемориам: Борис Дамјаноски – Џаоло

Некогашниот халф на Победа, Борис Дамјаноски – Џаоло почина на 80 години. Беше дел од составот кој со 4:3 го совлада прволигашот Вележ во Мостар, за влез меѓу 8 најдобри во Купот на Југославија за сезоната 1963/64. За паметење е првенството во 1965/66 од Втората југословенска лига, кога екипата за 1 бод не успеа да стане прволигаш. Во елитата отиде никшиќка Сутјеска, растурена со 5:2 во Прилеп.

Тимот од шеесеттите со Дамјаноски, секогаш останува во спомен на навивачите.

Loading