СЛЕМОТ Е КОКТЕЛ ОД ЛИРСКИ И СЦЕНСКИ УМЕТНОСТИ

Никола Дукоски, слемер

Нашиот сограѓанин Никола Дукоски со изведба на два поетски текста се закити со втората награда на националниот слем натпревар во градов. Тој слемираше со текстовите “Обраќање”, напишан за великанот Кочо Рацин и “Очај”, каде ја отсликува состојбата со короната.

Втората награда не претставува престиж, туку потврда дека разбудил емоции кај публиката.

-Бидејќи жирито беше случајно избрана непристрасна публика, признанието е важно, оти сум побудил чувства – вели Дукоски.

Слемот за младиот човек е слободен израз.

-Преку слемот може слободно да ги изнесеме своите ставови, доживувања и да испратиме порака. Слемот дава слобода и за импровизација и за критика на опшеството, но може да ја држи и онаа нежна и емотивна нота на поезијата. Тоа е коктел на многу лирски и сценски уметности – вели Дукоски.

Loading