СЕКОЈ МЕЧ Е ЗА ОПСТАНОК

Ракомет

Екипата на Прилеп со 34:27 загуби од Тиквеш во Кавадарци, во 6. коло од Супер лигата. Билансот од 2 победи и 4 пораза го оправдува предвидувањето на тренерот Горан Кузманоски дека борбата за опстанок, меѓу осумте тима, ќе биде мошне тешка. Секој бод е важен, секој меч е за опстанок, оти нема лесни противници и тотални аутсајдери. Викендов е шансата за нови 3 бода, дома со Струга, која има 5 пораза и 1 победа. На табелата Вардар е прв без проблем со 18 бода, пред Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 и Пролет по 15, Охрид и Бутел по 12. Вториот дел го предводат Тиквеш и Прилеп по 6, потоа Металург, Струга и Радовиш по 3, а без бод е само Скопје. 

Женскиот тим Деспина синоќа гостуваше кај шампионот Куманово,  а викендов е фаворит дома со битолски Феникс.

Loading