ПОВЕЌЕИЛЈАДНАТА ПУБЛИКА Е ИНСПИРАЦИЈА

Фудбал: Втора лига

Гледачите се најмеродавен инструмент за тоа како игра Победа. Тие есенва ги полнат трибините дома и патуваат и на гости. Атмосферата е загреана поради тоа што Победа оди кон првото место од табелата на Втората лига – Исток. Тимот игра чесно, респектирајќи ги противниците, игра борбено и убаво за око. Затоа и в сабота (14 ч.) ќе има вриеж на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, за мечот Победа – Братство. Локално дерби, меѓу претставниците на ОФС Прилеп. Домаќинот се бори за врвот, гостинот за опстанок. Повеќеилјадната публика и за едните и за другите е инспирација да се даде максимумот.

Табела: Саса 16, Победа и Слога 13, Беласица 11, Кит-Го  9, Кожуф и Осогово 7, Детонит и Локомотива 4, Братство 1.

Loading