ПОЛНО ЗДРАВЈЕ ВО СЕМИЊАТА

Семињата се супер храна за здравје за сите возрасти. Манкенките го одржуваат витото тело, а возрасните го намалуваат холестеролот и ризикот од срцеви заболувања.

Сусамот е храна на многу диети. Богат е со цинк, растителни влакна, калциум, магнезиум, железо, па дури и фосфор. Содржат витален холестерол што влијае на падот на притисокот и одржување на здрав црн дроб.

Семките од тиква се превентива од ризикот за рак на простатата кај мажите. Богати се со антиоксиданси за јакнење на имунолошкиот систем. Содржат цинк и омега – 3 масни киселини и фитостероли.

Чиа семињата се многу моќна храна. Преполни се со протеини, влакна и хранливи масла. Богати се со антиоксиданси и калциум. Ја намалуваат телесната тежина и го одржуваат здравото срце.

Лененото семе е супер храна во светот. Полно е со здравствени својства. Има омега – 3 масни киселини. Богато е со витамин Б1, бакар, протеини, цинк, магнезиум и манган. Моќно е во борбата против срцеви заболувања, намалување на холестеролот. Се промовира како храна за губење на тежината.

Ким семињата се одлични за здравјето. Го подобруваат варењето на храната, ја олеснуваат столицата и се силни во борбата против ракот. Се конзумираат со лажичка во чаша вода.

Коноповото семе е дар од Бога. Богато е со сварливи протеини, есенцијални масти и витамини од месо, јајца и сирење. Има малку шеќер. Помага во губење на тежината, слаба циркулација и лош холестерол. Дава енергија и  го подобрува имунолошкиот систем.

Loading