ДОМАШНА КОЗМЕТИКА ПРОТИВ БРЧКИ НА ЛИЦЕТО

Природната козметика е деликатна и мора да се чува во фрижидер, бидејќи не содржи конзерванси и лесно се расипува. Делува одлично, а преку кожата се апсорбираат само корисни состојки.

Како се произведува масло од алое вера кое е корисно не само за лицето и брчките. Толку е лековито што може да го користите речиси за сé и да се комбинира со други препарати.

Рецепт за гел. Се зема лист од алое вера кактус и се става во чаша со малку вода да се исцедат штетните материи. Листот стои 24 часа. Потоа се забележува дека водата ќе се обои кафеаво. Тоа е цедење на непогодните состојки за организмот. Откако ќе заврши овој процес, се користи пулпата, односно гелот од алоето. 

Рецепт за масло. Масло не може да се добие чисто, бидејќи растението не содржи масла. Да се искористат лековитите својства, се меша со некое масло, најдобро маслиново или бадемово масло. Со комбинирањето со различни масла, се добиваат различни својства, бидејќи секое масло е специфично.

Се става сад врз пареа, па во него маслото. За 50 гр. алое гел/пулпа потребно е околу 200 мл масло. Во маслото се додава пулпата/гелот од алое и се меша. Се намалува температурата на минимум и се готви половина час со мешање. Не смее да зоврие во ниту еден момент. Се остава да се лади 12 часа. Се цеди и се складира во соодветен сад. Се чува на темно и ладно место.       Се користи за акни, црвенило на кожата, дерматитис, ревматизам, артритис, остеоартритис, езгема, псоријаза, брчки други проблеми со кожата.

Loading