ТЕШКО НА ПРОТИВНИЧКИТЕ ГОЛМАНИ

Фудбал

Победа влезе во ритам и нема кој да ја запре. По  6:0 дома со Осогово, падна и Локомотива во Градско со 4:1. Голови дадоа Спиркоски, Најдов, Анѓелески од пенал и Петкоски. Победа ќе е закана за противничките голмани и на наредните мечеви со Братство на 16 октомври и седум дена подоцна со Детонит, двете дома.

Претходно Братство со 0:1 дома загуби од Кожуф.

Табела: Саса 16, Победа и Слога 13, Беласица 11, Кит-Го 9, Кожуф и Осогово 7, Детонит и Локомотива 4, Братство 1.

По пауза од 5 месеци в сабота почнува Првата женска лига, каде Деспина е гостин на Атлетико во Битола.

Loading