ПОЕТСКИ СЛЕМ МАКЕДОНИЈА 2021

В недела

Театарската работилница Прилеп по 11 пат на 10 октомври од 20.30 часот на летната сцена од ЦК “Марко Цепенков” ќе ја изведе манифестацијата, Поетски Слем – Македонија 2021. Ќе учестуваат повеќе слемери и ќе се промовира збирката поезија “Пред некое време” од Тихомир Јанчовски. Гостин ќе биде Мартин Глаз Серуп од Данска.

На поетскиот натпревар ќе учествуваат 30 автори, а жирито ќе го избере националниот победник.

Loading