МАКЕДОНИЈО, ВЕЌЕ МИ НЕДОСТАСУВАШ!

Моделарство: Светските купови со преубави впечатоци од странците

На највисоко ниво и со највисоки оценки  на меѓународното жири минаа двата светски купа во воздухопловно спортско моделарство, ,,Трофеј на Прилеп,, и ,,Македонија куп,,, на кои домаќин беше клубот Фил феникс со директорот Здравко Тодороски.

-Пријатно натпреварување со мили луѓе. Македонијо, веќе ми недостасуваш! Благодарност до пријатели кои ги видов – рече на разделбата Миќа Тица од Србија.

Два дена на Спортскиот аеродром се освојуваа медали и рејтинг-поени. Во најмасовната дисциплина, Ф-1-А (едрилици), триумф на кавадарчанецот Гоце Јосифовски. На првиот куп го освои 1. место, на вториот 2. место. Одлични се и двете петти места на прилепчанката Симона Тошеска, во конкуренција на 24 моделари. Кај јуниорите се покажаа прилепчаните Анастасија Пожарска, двапати прва, Зоран Петрески втор и трет. Во Ф-1-Ц (качувачи) трет беше прилепчанецот Димче Велкоски. Во Ф-1-Х (помали едрилици) медалите ги поделија: охриѓанецот Петар Цветановски со прилепчаните Михаил Пожарски и Лука Најдоски.

Во пласманот по држави најдобра е Македонија.

Третиот светски куп ,,Феникс дрон рејсинг,, кој требаше да е викендов, е откажан.

Loading