ТЕАТАРСКА МАГИЈА ПО ПАНДЕМИЈА

Од 1 до 8 октомври МТФ „Војдан Чернодрински

Вечерва во ЦК ,,Марко Цепенков,, се крева завесата на 55-тото издание на МТФ ,,Војдан Чернодрински,,. На отворањето ќе им бидат врачени наградите за животно дело на актерите Емил Рубен и Борис Чоревски и на сценографот Крсте С. Џидров. Прв ќе игра ансамблот на МНТ од Скопје со ,,Мој термин,, по мотиви на Лорен Бафи и Винсенте Виљануева, во режија на Синиша Ефтимов.

До 8 октомври ќе играат, Театар Комедија со, ,,Вечера за глупаци,, од  Францис Вебер во режија на Ирена Стеријовска, Театарот ,,Војдан Чернодрински,, со ,,Глембаеви,, од Крлежа, во режија на Бранко Брезовец,  Кумановскиот театар со ,,Вообразен болен,, од Молиер во режија на Драгана Гунин, драмскиот театар со ,,Мојот маж,, од Румена Бужаровска, во режија на Нела Витошевиќ, Албанскиот театар со ,,Мурлин Мурло,, од Кољада, во режија на Кристина Димитрова, Велешкиот театар со,,Херои 04:33,, од Сашо Димоски, во режија на Деан Дамјановски, Тетовскиот со ,,Страст и алчност,, од  Јуџин О’ Нил во режија на Фитим Селими, штипскиот театар со ,,Едип коментари,, по мотиви од Едип од Софокле во режија на Драгана М. Попова, Турскиот театар со  ,,Славната Флоренс,, во режија на Драгана М. Попова, Охридскиот тетаар со ,,Крик за љубов,, од Баласко во режија на  Љупчо Ѓоргиевски и Битолскиот театар со ,,И коњите ги убиваат, зарем не?,, од Мекој во режија на Мартин Кочовски.

Во жирито се Ѕвездана Ангеловска,- актер и режисер, Бајруш Мјаку, актер и Александар Милосављевиќ, театролог од Србија.

Ќ е се претстават и ФДУ од Скопје и  Театарот за деца и младинци. Во придружната ќе се промовираат театарски изданија и ќе има и трибина на тема за Театарот во ковид 19 – проблеми и решенија.

Затворањето на фестивалот е на 8 октомври со претставата ,,Драмски за Конески,,.

Loading