ПОЧИНА УМЕТНИКОТ ДАДАТА

На 88 години почина доајенот на македонската современа скулптура, прилепчанецот Драган Попоски – Дада. Тој остави неизбришлива трага во уметноста со суптилно и стилизирано творештво. Долгиот уметнички пат има творечки етапи со облици на конкретни инспиративни извори во природата.

Негови дела во Прилеп се спомен обележјето на Методија Андонов – Ченто, Жена борец, во Плетвар споменикот на Б. Талески и Л. Филиповски и Братство-единство релјеф пред Домот на ЈНА.

Роден во Прилеп 1933 година, Академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) завршил во Белград. Бил професор на ФЛУ во Скопје. Оставрил студиски патувања во Грција, Италија, Англија, Франција, Германија, Полска, САД… Имал повеќе самостојни изложби во земјава и во странство.

Автор е на повеќе монументални дела и е добитник на повеќе награди, меѓу кои  на наградата ,,11 Октомври,,.

Loading