„АСОЦИЈАЦИИ“ ОД РОСИЦА ЛАЗЕСКА

Изложба

,,Асоцијации,, е изложба од Росица Лазеска што ќе биде отворена вечерва од 18.30 ч. во ликовната галерија на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Лазеска е автор на инвентивна ликовна имагинација со изразито креативна енергија.

Според Климе Коробар, изложбата е свеченост за окото. Таа ја напушта класичната претстава за цртежот со низа од линии и гради сопствен свет во кој имагинацијата í е императив.

-Не случајно Лазеска е носител на наградата за експериментален цртеж.  Таа е динамичен сликар, графичар. Преку експресивната композиција ги спротиставува преплетите од линии, кои за момент се дисхармонични, а конечниот резултат е складно единство и хармонија. Композицијата е зрела и сугестивна со јасни потези без разлика дали се работи за нијанси во црно-бела техника или во боја – вели Коробар.

Росица Лазеска дипломец и на архитектонскиот факултет и на ФЛУ. Член на ДЛУМ. Автор е на неколку поштенски марки. Добитник е на повеќе награди, Имала повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во странство.

Loading