НЕМА ДА И БИДЕ ЛЕСНО НА ПОБЕДА

Фудбал

Победа како клуб претставува величина и во Првата фудбалска лига, а не треба ни да се спомне Втората. Сепак, потценување или преценување не смее да има на ниеден тим. Имињата на клубовите и постигнувањата во минатото не значат ништо. Секој меч почнува од 0:0. Така во Виница, домашната Слога со 2:1 ја совлада Победа. Покрај поразот, прв есенва, Победа останува фаворит за првото место. Јасно е дека нема да и биде ниту малку лесно. Добро е што по издржаната казна за црвен картон се враќа капитенот Даниел Карчески. Поволен е распоредот во следните 4 кола: в сабота (15 ч.) дома со Осогово, потоа со Локомотива во Градско, па дома со Братство и со Детонит.

Братство од Житоше дома со 0:4 загуби од Кит-Го, а в сабота гостува кај Локомотива во Градско.

Табела: Слога 12, Беласица и, Саса 10, Победа 7, Кит-Го  6, Кожуф и Осогово  4, Локомотива, Детонит и Братство 1.

Loading