ЈОВАНОСКИ НЕ Е ПОВЕЌЕ ТРЕНЕР

Пинг-понг

Неочекувана вест од пингпонгарскиот клуб Младост, вицешампион на Македонија. Легендата на клубот, Зоран Јованоски, го напушта тренерското место на кое беше со децении. Незадоволен е од статусот. Функцијата ја извршувал без надомест. Во клубот останува само како играч, а стручноста, искуството, знаењето и натаму ќе го посвети на младите, во Младата репрезентација на Македонија.

Се очекува став на ППК Младост.

Loading