ЕТНО ПОСТАВКА ВО МУЗЕЈОТ

По 66 годишно постоење, Завод и Музеј во Прилеп отвори постојаната етно поставка  насловена ,,Животот низ занаетите и традицијата,,. Според етнологот Горан Цветкоски, конципирани се неколку сегменти од  занаетите. Претставени се кујунџискиот, канатарџискиот, леарскиот и кувенџискиот занает, преку алатки за изработка на разни занаетчиски производи. Застапено е и килимарството преку повеќе килими, а во еден дел  има слика за семејниот живот и традицијата.

Директорот Благоја Атанасоски вели дека поставката е мал дел од тоа што го поседува Музејот во депоата.

Loading