АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Секој ден е ден од вечноста.

х

Учење од копии дали е копија од учење?

х

Излезот треба да се обезбеди уште при влезот.

х

Не ме видел никогаш во животот, ама дава оценки за мене.

х

Секој расте,  но ретко кој успева да се надрасне

х

Подлизурковците на крај страдаат од подлизуркованите.

х

Наместо ново нормално можно ли е ново ненормално.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading