ПРАЌАМЕ ПОРАКИ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ КОИ ЌЕ ДОВЕДАТ ДО ПРОМЕНИ

Интервју: М-р Јане Станкоски, носител на советничка листа на движењето “Одлучно за промени” на ЛДП И ДОМ

Jane LDP

 

Носител на советничката листата на граѓанското движење ,,Одлучно за промени,, на ЛДП И ДОМ, за Совет во општина Прилеп на претстојните Локални избори е Јане Станкоски, магистер по менаџмент на природни ресурси и животна средина. Директор е на компанијата за откуп и преработка на тутун СЕКЕ.

Ја предводите листата на советници од Движењето ,,Одлучно за промени,, иницирано од ЛДП и ДОМ. Кои се останатите кандидати, покрај членови на ЛДП и ДОМ има ли и јавни личности од граѓанскиот сектор, културата, спортот?

Создадовме движење во кое се добредојдени сите добронамерници, сите наши сограѓани кои имаат идеи кои не можат да ги канализираат во нашето општество, сите кои чувствуваат потреба да придонесат за подобар и поквалитетен живот, пред сé, во нашата општина, а секако и во државата.

За што ќе се залагате? Која е вашата визија?

Бараме поддршка и шанса од гласачите на дело да го покажеме нашиот патриотизам и љубов кон општината и општеството во кое живееме. Нашиот патриотизам не се однесува на стандардните флоскули кои ги користат поголемите партии, туку патриотизам, грижа за сограѓаните за нивните – нашите заеднички потреби и проблеми.  Заради тоа ние направивме програма во која предложуваме лесно применливи решенија, не се скапи, а за чие што имплементирање не треба многу време, а ќе значат многу за подобрување на секојдневниот живот на нашите сограѓани.

Настапувате самостојно. Кои се размислувањата за евентуален втор круг или постизборно коалицирање?

Нашата цел на овие избори е нашиот кандидат за градоначалник да учествуваа во вториот изборен круг и да освоиме онолку советнички места колку што се доволни за да имаме претседавач на совет.

Со над 50 кандидатски листи, се позиционира како трета политичка сила. Стартувавте со мотото ,,Излези од маглата. Приклучи се. Направи промена,,. Како граѓанско движење на центарот, за сега како “Движење ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ” со кое ќе настапите на претстојните локални избори. Што отсликуваат, односно каква порака праќаат слоганите?

Движењето има 52 избирачки листи во 51 општина и една во град Скопје, исто така има и 18 кандидати за градоначалници, тоа се голем број на членови и граѓани кои се приклучиле како кандидати за советници и градоначалници од нашата држава. Сите се препознале во слоганите и пораките кои ги испраќаме. Тоа се пораки кои повикуваат на обединување и охрабрување за заедничко придонесување на промени во нашето општество.

Горан Милевски, претседателот на Либерално – демократската партија (ЛДП) е актуелен министер за локална самоуправа, а сега е и кандидат за градоначалник на Битола. Со власта сте или против власта?

Либерално демократската партија учествуваше на претходните параламентарни избори во коалицијата ,,Можеме заедно,, со голем број на партии. Следствено на тоа, после победата на таа коалиција, партијата е дел од власта. Оценивме дека е време за самостоен настап на претстојните локални избори, а тоа дека се поднесени 52 кандидатски листи за советници и 18 кандидати за градоначалници од нашето движење, претставува уште една потврда за вистинскиот момент за самостоен настап.

Loading