СЕЌАВАЊЕ ЗА ГОЛЕМИОТ СПОРТИСТ И ЧОВЕК

Ракомет: Турнир ,,Миле Нешкоски,,

Во салата од СОУ ,, Ристе Ристески – Ричко,, се одржа шестиот меморијален турнир ,,Миле Нешкоски,, во организација на РК Прилеп, во чест на познатиот ракометар, големиот спортист и човек. Турнирот е потсетување на неговиот другарски однос кон соиграчите и примерната фер-игра кон противниците. Умееше и без многу напор, со најмлак удар да ги совлада голманите. Годинашново издание беше со екипите на Прилеп, Струга, Тиквеш, Дубочица, Голден арт и Еурофарм Пелистер 2.

Прилеп со 26:22 ја совлада Струга, потоа одигра уште два меча.

Loading