ПРИЛЕП ПЕТТИ

Шах

Во Охрид се одржа Женското екипно првенство на Македонија во шах, каде екипата на ШК Прилеп го освои 5. место со 5 бода. Иако засилен со две Србинки, со амбиција за висок пласман, прилепскиот тим прикажа просечна игра. Многу повеќе и не можеше, оти во другите екипи имаше шахистки од странство, од Србија, Турција, Бугарија и Романија. Прилеп загуби од Центар, Алкалоид и Кисела Вода, одигра нерешено со Неготино и Гостивар, го совлада Гамбит.

Шампион  со максимални 14 бода е скопски Алкалоид.

Loading